27/08/2026
РК Гемиџии
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from РК Гемиџии, Sports Team, Veles.
27/08/2026
26/08/2026
Гемиџии на шестото место на „Handball Trophy Serbia“ - BATALI.net Младите ракометари на велешкиот Ракометен клуб „Гемиџии“, генерација 2011 година, го освоија шестото место на големиот меѓународен турнир „Handball Trophy
25/08/2026
Два порази за крајот на групната фаза
Денес нашите младите ракометари одиграа два натпревари во рамки на Handball Trophy Serbia, но за жал забележаа два порази.
Во првиот натпревар против српскиот тим „Шамот“ одигравме крајно неизвесен натпревар. И покрај големата борба до самиот крај, во неизвесен финиш со гол во последните секунди го загубивме минимално со 17:16.
Во вториот натпревар против унгарскиот „Киштерчаи“, за жал следеше многу лошо издание на нашата екипа. Одигравме катастрофално, без препознатлива игра и без вистинската енергија која ја покажавме во претходните натпревари. Дополнителен хендикеп беше и отсуството на нашиот најдобар стрелец, кој не настапи на овој натпревар. Крајниот резултат беше 19:10 за унгарскиот тим.
Со овие резултати, „Гемиџии“ го завршија групниот дел на четвртото место.
Сега следува нов предизвик – натпреварот против полскиот тим „Гвардија“, кој ќе биде можност да покажеме дека вториот натпревар е само лош ден и дека оваа екипа може многу повеќе! 💪🤾♂️
Главата горе, момци! Заедно продолжуваме! ❤️🤍
24/08/2026
Свечено отварање на меѓународниот турнир во Крагуевац Србија 🤾🏻🤾🏻♂️🇲🇰
24/08/2026
Пораз на денешниот натпревар со домаќинот на турнирот екипата на СПД Раднички 17:11, полувреме 9:6, утре не очекуваат два нови натпревари со екипи од Србија и Унгарија. Воедно благодарност и до спонзорот за донираната опрема за овој турнир. 🤾🏻🤾🏻♂️🤾🏻🇲🇰
23/08/2026
Успешно отварање и прва победа за нашата екипа на меѓународниот турнир во Крагуевац, Србија.
Против екипата на РК Пирин од Бугарија со резултат 15:10. Утре ни следува вториот натпревар против екипата на СПД Раднички од Србија. 🤾🏻♂️🤾🏻🤾🏻♂️🇲🇰
23/08/2026
Велешките ракометни надежи од „Гемиџии“ на голем меѓународен турнир во Крагуевац - BATALI.net Младите ракометари на велешкиот Ракометен клуб „Гемиџии“, генерација 2011 година, денеска го започнуваат настапот на големиот меѓународен ракометен турнир
28/07/2026
„Гемиџии“ рано ги почна подготовките, велешките ракометари ги чекаат турнири во Сплит и Крагуевац - BATALI.net Ракометниот клуб „Гемиџии“ ги започна подготовките за новата сезона, во која ќе настапува во две младински категории – пионери и кадети. Велешкиот клуб
30/06/2026
👏🏆 Големи честитки до учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес!
РК Гемиџии им упатува искрени честитки за освоеното 1 место во Македонија во ракомет! 🥇🤾♂️
Со овој голем успех тие изборија пласман на завршните Меѓународни ПЛАЗМА Спортски Игри за млади во Сплит, каде ќе ги претставуваат градот Велес и Македонија. 🇲🇰
Горди сме што овие млади ракометари своите први чекори ги направија во РК Гемиџии и сè уште се дел од нашиот клуб. Со работа, посветеност и љубов кон ракометот создаваме нови генерации шампиони.
Браво момци! Гордост за Велес! Ви посакуваме голем успех на игрите во Сплит👏💪🤾♂️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
1400