29/08/2026
И оваа година, по седми пат, заедно веславме за оние на кои им е потребна нашата поддршка, внимание и разбирање.
„И Јас Можам“, Спортски клуб Соларис и Хотел Боград повторно ги здружија силите во една прекрасна мисија, преку спортот да испратиме порака дека никогаш не сме сами и дека секој човек заслужува шанса, поддршка и место во заедницата.
Но, годинава маратонот имаше еден посебен момент.
На стартот беше Роман Лескароски. Штотуку вратен од операција, Роман седна во двоседот заедно со својот тренер Виктор Пауноски и веслаше. Не затоа што беше лесно.Туку затоа што Роман може.
Неговото веслање беше повеќе од спортски подвиг. Беше порака за сите нас... дека границите често постојат сe додека не решиме да ги поминеме.
И ЈАС МОЖАМ.
И ТИ МОЖЕШ.
ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СÈ.
21/08/2026
Секако дека наградите не се најважни кога целта е вака хумана.
Сепак, најдобрите во овој прекрасен и предизвикувачки потфат ќе бидат наградени со медали во сите категории:
Веслање – спортска категорија
Кајак – спортска категорија
Кајак – рекреативна категорија
Најважна е целта, највредна е поддршката, а победата е заедничка кога весламе и кајакариме за една благородна кауза.
Се гледаме на старт!
Пристаниште, Машка Плажа
08:30 часот
Весламе за ретките!
20/08/2026
Една приказна што стана приказна за сите деца.
Роман ја започна оваа приказна со својата храброст и љубов кон спортот. Денес, преку „И јас можам“, таа приказна продолжува со уште многу деца кои покажуваат дека можностите се поголеми од ограничувањата.
Благодарност до Femina.mk што ја препозна и ја раскажа нашата приказна.
Повелете, прочитајте!
https://www.femina.mk/roman-ja-zapocna-prikaznata-sega-taa-e-za-site-deca-otvoren-klub-vo-struga-za-bolni-i-decinja-so
Роман ја започна приказната, сега таа е за сите деца: Отворен клуб во Струга за болни и дечиња со попреченост
Отворен е спортски клуб во Струга за болни и дечиња со попреченост, инспириран од храбриот борец Роман Лескароски.
30/05/2026
Денес имавме чест и задоволство да ги угостиме учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.
Во соработка со Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ и Веслачката федерација на Македонија и Издавачката куќа Алдебаран, организиравме натпревар во паравеслање на ергометри, по што учениците имаа можност да се запознаат со основите на кајакарството и практично да ги направат своите први кајакарски чекори на вода.
Нивната храброст, ентузијазам и желба за нови искуства беа инспирација за сите присутни. Денот помина во спортски дух, дружење и взаемна поддршка, потврдувајќи дека спортот е достапен за сите и дека нема пречки кога постои волја.
Прекрасно искуство за сите нас и уште еден потсетник за моќта на спортот да обединува, мотивира и создава незаборавни моменти.
21/04/2026
Весело, весели лица. Учесниците на Water games низ објективот на Kiki Muki Zaturovska