No Finish Line Skopje

No Finish Line Skopje

Share

9-13 септември 2026 година
100 часовен фестивал на трчање и одење

24/06/2026

Стартуваше 2-рото издание на No Finish Line Brussels!
Им посакуваме повеќе поминати километри од лани...
и повеќе собрани донации за децата!

23/06/2026

Cafe de Anatolia Festival во Виница на 10 и 11 јули 2026.
Прилика да ги гледате и уживате ќе имате и
во сабота на 12 септември 2026 година
на No Finish Line Skopje

10/06/2026

Кога хуманоста ќе се спои со професионализмот, се случуваат најубавите нешта.
Сакаме да упатиме јавна благодарност до тимот на Душко Манев (strani.mk) кои целосно бесплатно ја изработија веб-страницата www.nofinishlineskopje.com
Кога слушнаа дека проектот е од хуманитарен карактер, нивната реакција беше едноставна, но моќна: „Ќе ја изработиме со љубов!“
Благодариме што сте дел од нашата хуманитарна приказна и што со вашиот труд помагате да стигнеме до целта!

08/06/2026

Со огромна возбуда објавуваме дека училиштето Кузман Јосифовски Питу од нас. Кисела Вода најави комплетно учество на No Finish Line Skopje!
Во петок на 11 септември ги очекуваме сите 650 ученици со своите наставници на патеката на хуманоста, солидарноста, заедништвото и здравите навики!

Скопје станува дел од светското хуманитарно семејство: 100-часовен „No Finish Line“ фестивал за Детската болница во Козле 05/06/2026

Благодариме Фемина.мк

Скопје станува дел од светското хуманитарно семејство: 100-часовен „No Finish Line“ фестивал за Детската болница во Козле Скопје влегува на светската мапа на хуманитарно-спортски настани како еден од само седумте градови во светот кои годинава го организираат хуманитарниот фестивал ....

Photos from No Finish Line Skopje's post 04/06/2026

Нашиот број 1 - Justine Houteer Magni
додека ужива како ВИП на трката од Формула 1 во Монако
го најавува своето учество на нашиот настан.
Пријавувањето го отвараме за неколку дена!

22/05/2026

Денес снимавме специјален прилог за Утринската програма
на Канал 5 телевизија.
Зборувавме за хуманитарно-спортскиот предизвик No Finish Line Skopje.
Нашата претседателка Тамара Соколовска ја сподели визијата.
Д-р Катерина Бошковска, директор на Детската болница Козле зборуваше за важноста на настанот.
Наскоро јавуваме точен термин на емитување
и најавуваме почеток на пријавувањето.
Бидете подготвени за трчање и хуманост!

08/05/2026

No Finish Line Skopje
e хуманитарен фестивал на движење, музика и надеж.
На настанот ќе можете да донирате нови или скоро нови, чисти обувки и облека, училишен прибор, велосипеди, играчки...
Сите донирани предмети ќе бидат дадени на Мисионерките на љубовта од куќата на Мајка Тереза во населбата Кисела Вода, кои се грижат за сиромашните жители во Скопје.

05/05/2026

Соединети во хуманоста!
Со гордост најавуваме дека No Finish Line Skopje
и Фондацијата "Ице Бегов"
ги здружуваат силите во мисијата која е едноставна:
Заедно да им помогнеме на оние на кои им е потребно!
За хуманоста нема целна линија!

01/05/2026

„Здравиот просјак е посреќен од болниот крал“
е мото на компанијата Хелиос Медикал,
главен застапник за целиот Балкан на врвните
германски компании Gelita-CH Alpha и Doppelherz...
и наш партнер во организирањето на No Finish Line Skopje.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address

Skopje
1000