20/07/2026
Боите на ЕК Нов Ветер на водата ги бранеа Сашо, Перица, Ангела, Александар, Ангел, Љубомир, Филип, Иван, Немања и Дамјан, со полно залагање во текот на целиот викенд.
Им благодариме на сите учесници, на ЕФМ – Едриличарската Федерација на Македонија за покровителството, на ЕК Акватика Јахтинг и плажата Камперстоп Кʼј Дивоно за инфраструктурната поддршка и за крај, на нашите членови Кузман Кузе за фотографиите, а Филип, Љупа и Перо за поддршката со едрилиците.
Продолжуваме со наредните регати од лигата во месеците што следат, а веќе на ред ја имаме таа за викендот 28-30.08.2026. Сите заинтересирани лица можат да се јават на 070 209 548 или да ни пишат на [email protected]. ⚓
20/07/2026
Времиња по трки (мин:сек):
🏁 Трка 1 (14:05): Нов Ветер 2 15:45, Акватика 19:53, Нов Ветер 1 22:34, Match Race 32:16
🏁 Трка 2 (15:05): Акватика 17:46, Match Race 18:32, Нов Ветер 2 19:59, Нов Ветер 1 30:59
🏁 Трка 3 (12:05): Match Race 18:02, Акватика 18:42, Нов Ветер 1 25:55, Нов Ветер 2 26:50
🏁 Трка 4 (13:40): Нов Ветер 2 18:50, Нов Ветер 1 21:45, Акватика 25:30, Match Race 26:40
🏁 Трка 5 (14:15): Нов Ветер 2 22:00, Нов Ветер 1 23:10, Акватика 24:30, Match Race 26:00
🏁 Трка 6 (15:05): Акватика 13:40, Match Race 14:50, Нов Ветер 2 20:26, Нов Ветер 1 20:28
🏁 Трка 7 (15:45): Нов Ветер 2 12:20, Нов Ветер 1 12:33, Акватика 12:50, Match Race 14:00
🏁 Трка 8 (16:15): Match Race 11:42, Акватика 12:10, Нов Ветер 2 16:50, Нов Ветер 1 17:02
Како организатор, на нас ни е особено драго што регатата помина во висок натпреварувачки дух, и со толку тесни резултати што разликата ја носеа навистина мали детали. Затоа, едно големо ЧЕСТИТО до сите екипажи за квалитетното едрење! 🎉⛵
(Трета објава во продолжение)
20/07/2026
И, така, првата регата од сениорската лига „Фар Ист 23Р” во Охрид е зад нас. Ќе ни фали овој прекрасен охридски викенд во спортско едрење со дури осум успешно реализирани трки, кои натпреварот го направија неизвесен до самиот крај. Бодовите постојано се менуваа, а конечниот редослед се реши дури во последните трки:
🥇 1. Нов Ветер 2 — 17 бода
🥈 2. Акватика — 17 бода
🥉 3. Match Race — 22 бода
🔹 4. Нов Ветер 1 — 24 бода
Според правилата на World Sailing (правило A8), изедначениот број поени се реши во корист на екипажот со подобри поединечни пласмани. Резултатите од сите трки се подредуваат од најдобар кон најслаб, а предност добива екипажот кој прв има подобар резултат.
(Втора објава во продолжение)
19/07/2026
Во организација на ЕК Нов Ветер и под покровителство на Едриличарска Федерација на Македонија, успешно го отворивме првиот викенд од сениорската лига „Фар Ист 23Р“ во Охрид, со две реализирани трки.
Нѐ послужи пријатен ден со можност за одржување на две трки. Во прилог ги објавуваме резултатите од првите трки.
I старт (14:05)
🥇 Нов Ветер 2 — 15мин45сек
🥈 Акватика — 19:53
🥉 Нов Ветер 1 — 22:34
4. Match Race — 32:16
II старт (15:05)
🥇 Акватика — 17:46
🥈 Match Race — 18:32
🥉 Нов Ветер 2 — 29:59
4. Нов Ветер 1 — 30:59
Третиот старт беше закажан за 16:05, но ветерот стивна и, по обид за старт, трката не се одржа. По првиот ден картите се измешани и ни следат возбудливи трки денес. Им благодариме на сите екипажи и судии, а на Охрид и на плажата Камперстоп Кʼј Дивоно, како и секогаш, што нè примија.💙
26/06/2026
Драга Претседателке,
Ви благодариме од срце што нè отпоздравивте од брегот и што ни посветивте посебно внимание на прием во вила „Билјана”. Ваквите моменти оставаат голема трага, чест ни беше да Ви приредиме дефиле на едрилиците.
„Акватика Јахтинг" Охрид - „Aquatica Yachting" Ohrid Dime Flejta Ski Club
28/05/2026
За тебе, ЦИГИ
Дванаесет едрилици исцртаа ѕвезда на Јадран — зашто такви луѓе како тебе не си одат, тие стануваат светлина по која се движиме.
Го носеше ветрот во едрата, патот под тркалата, небото под крилјата.
Кога ќе засвиреше на гитара, и морето застануваше да слуша.
Ти не само што живееше — ти го сакаше животот, до последниот тон, до последниот бран.
Денес ти фрливме латици од рози во морето, не за да се збогуваме, туку за да му кажеме на Јадран да те чува, како што ти го чуваше секој миг.
Плови понатаму, пријателе.
Ветрот секогаш ќе биде со тебе.