Фудбалски Клуб Парк

Фудбалски Клуб Парк

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Фудбалски Клуб Парк, Sports Team, а 1732, Boulevard Saint Clement of Ohrid 2, Skopje.

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 31/05/2026

🏆Фудбалски Клуб Парк со најмногу освоени медали од завршниот турнир на Детската Лига на ФФМ, уште еден показател за успешната сезона на нашиот клуб во ова натпреварување.⚽️

Генерација 2013 - 3.место 🥉
Генерација 2014 - 2.место🥈
Генерација 2015 - 1.место🥇
Генерација 2016 - 3.место🥉

👏Најдобра сезона од нашето постоење, со вкупно четири медали од државното првенство.

🙏На крајот сакаме да упатиме честитки за освоените медали на сите наши екипи, до нивните тренери, како и до родителите, но и до сите оние најблиски кои им даваа поддршка изминативе денови.

Како клуб мораме да бидеме горди на успехот на овие млади фудбалери, кои докажуваат дека ФК Парк, но и македонскиот фудбал има иднина.👍

Погледнете ја завршната церемонија од доделување на медалите и трофеиите за нашите екипи📸

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 31/05/2026

🥈Генерацијата 2014 на ФК Парк се Вицешампиони на Македонија.

⚽️Денес, во големото финале, Парк дури после изведување на удари од белата точка загуби од екипата на Јанг Тим, која се покажа како посреќен тим во пенал серијата. Во регуларниот дел, натпреварот заврши без победник.

👏Ова е прв медал за генерацијата 2014 во Детската Лига на ФФМ и претставува голем успех за тимот и нивниот тренер, Боби Андоновски.

Галерија на фотографии од големото финале

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 31/05/2026

🏆Фудбалски Клуб Парк СО ГЕНЕРАЦИЈАТА 2015 ГО ОДБРАНИ ТРОФЕЈОТ ВО ДЕТСКАТА ЛИГА НА ФФМ.⚽️⚽️

👏Во големото финале, избраниците на Марко Михајловски со резултат 1-0 го победија тимот на ФК Бутел, во еден цврст и неизвесен натпревар и го потврдија приматот, Шампиони на Македонија.

👍Уште еден голем успех за генерација 2015, која втора сезона по ред се закитува со златниот медал во ова натпреварување.

Честитки до генерацијата 2015 и нивниот тренер за огромниот успех.🙏

Фотогалерија од финалниот натпревар

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 31/05/2026

🥉Бронза за генерацијата 2016 на ФК Парк, на завршниот турнир во Детската Лига на ФФМ.⚽️

👍Во борбата за 3.место, избраниците на Марко Михајловски со резултат 2-1 го победија тимот на Сарај Старс и на тој начин го освоија 3.место на државното првенство.

Уште еден голем успех за оваа генерација, која минатата сезона играше во големото финале, и оваа повторно успеа да освои медал.

👏Честитки за постигнатиот успех и освоениот бронзен медал.

Фотогалерија од натпреварот за 3.место📸

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 31/05/2026

🥉Генерацијата 2013 на Фудбалски Клуб Парк го освои 3.место на завршниот турнир во Детската Лига на ФФМ.

👍Избраниците на Боби Андоновски, во малото финале со резултат 5-1 го победија тимот на Форца и на тој начин се закитија со бронзениот медал.

👏Честитки за генерацијата 2013 за големиот успех, во последната сезоната на Детската Лига на ФФМ.

Фотогалерија од натпреварот во малото финале📸

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 30/05/2026

👏ФИНАЛЕ И ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2014 НА ФК ПАРК.

👍Голем успех и за генерацијата 2014, која успеа да се избори за финале во Детската Лига на ФФМ и да се бори за приматот, Шампион на Македонија во оваа категорија.

⚽️Во рамките на 1/2 финалето, избраниците на Андоновски, со резултат 1-0 го победија тимот на Македонија ЃП. Утре во големото финале со почеток од 11:00 часот, ќе играме со екипата на Јанг Тим од Струга.

📸Галерија на фотографии од полуфиналниот натпревар

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 30/05/2026

💪ФИНАЛЕ ЗА ГЕНЕРАЦИЈА 2015 НА ФК ПАРК, КОЈ ЌЕ ГО БРАНИ ТРОФЕЈОТ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА.

👍Попладнево после голема борба, во еден тежок натпревар, Парк успеа да го елиминира тимот на Водно и на тој начин да си обезбеди ново финале. Победникот беше решен дури после изведување на удари од белата точка, откако мечот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат. Противникот прв го отвори резултатот, но нашиот тим израмни во вториот дел и го донесе полуфиналето на пенали, таму се покажавме како подобро и успеавме да се избориме за финале.⚽️

👉Во големото финале на Детската Лига, кое ќе се одигра утре со почеток од 11:00 часот, ќе играме со екипата на ФК Бутел.

📸Фотогалерија од полуфиналниот натпревар на генерација 2015

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 30/05/2026

👍Фудбалски Клуб Парк со генерацијата 2013 ќе игра во "малото финале" на Детската Лига на ФФМ, откако во рамките на 1/2 финалето не совлада минимално Шкупи со резултат 2-1⚽

📸Фотогалерија од натпреварот ❤️🖤🥉

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 30/05/2026

👍Фудбалски Клуб Парк со генерацијата 2016 ќе игра во "малото финале" на Детската Лига на ФФМ, откако во рамките на 1/2 финалето не совлада Александро со резултат 7-0

📸Фотогалерија од натпреварот ❤️🖤

Photos from Фудбалски Клуб Парк's post 30/05/2026

👍Фудбалски Клуб Парк со генерацијата 2013 ќе игра во полуфиналето на Детската Лига на ФФМ, откако во рамките на 1/4 финалето со резултат 7-2 го победи тимот на ГФК Неготино⚽️

Во 1/2 финалето, за противник го имаме тимот на Шкупи ова попладне📸

📸Фотогалерија од натпреварот

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address

а 1732, Boulevard Saint Clement Of Ohrid 2
Skopje
1000