12/07/2026
🇲🇰 Со гордост ви ги претставуваме нашите тројца јуниорски репрезентативци кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во билјард!
Илија Димовски
Андреј Ѓјурчиновски
Марко Митанов
Од 13 до 21 јули, нашите млади надежи ќе се натпреваруваат со најдобрите европски јуниори, носејќи ги боите на Македонија со гордост, посветеност и спортски дух во следните дисциплини:
14.1 Straight Pool
10-Ball
8-Ball
9-Ball
Тимско првенство (U17 и U19).
Им посакуваме многу успех, мирна рака, прецизни удари и одлични резултати на секој натпревар. Веруваме дека достојно ќе ја претстават нашата држава и ќе нè направат горди! 🇲🇰❤️💛
Среќно момци – цела Македонија е со вас! 🇲🇰
08/06/2026
Најдобрите 16 играчи ја затворија полусезоната во А Дивизијата!
На 7 јуни, во просториите на Табана Клуб Прилеп, се одржа четвртиот Мастерс турнир од А Дивизијата во организација на БФСМ.
На турнирот настапија најдобрите 16 играчи во државата, кои уште еднаш покажаа зошто припаѓаат на самиот врв на македонскиот билјард. Во текот на целиот ден беа одиграни натпревари со висок квалитет, многу неизвесни моменти и врвни потези кои ја одбележаа завршницата на првиот дел од сезоната.
🏆 Пласман:
🥇 Андреј Ѓурчиновски - Гран Клуб Скопје
🥈 Мирсад Зеќири - Голден Бол Тетово
🥉 Мики Тодоров - Пауер Бол Струмица
🥉 Илија Димовски - Лонгони Битола
Честитки до најуспешните натпреварувачи, како и до сите учесници кои со своите настапи придонесоа за уште еден врвен Мастерс турнир.
Со овој турнир официјално се спушта завесата на првиот дел од сезоната. По четири одиграни Мастерс турнири и бројни возбудувања, следува летна пауза, а натпреварувањата продолжуваат во септември кога нè очекува уште пожестока борба за бодови, пласман и шампионските позиции.
БФСМ им се заблагодарува на сите играчи, клубови, судии и љубители на билјардот за поддршката и придонесот во текот на полусезоната.
Се гледаме во септември – подготвени за нови предизвици, нови победи и уште повеќе врвен билјард!
08/06/2026
Четврти Мастерс турнир – Б Дивизија
На 6 јуни во просториите на Гран Клуб Скопје успешно се одржа четвртиот Мастерс турнир од Б Дивизијата во организација на БФСМ.
Турнирот понуди многу возбудувања, неизвесни дуели и квалитетен билјард, при што натпреварувачите уште еднаш покажаа голема посветеност и спортски дух.
🏆 Пласман:
🥇 Берат Јашари - Гран Клуб Скопје
🥈 Албан Велиу - Голден Бол Тетово
🥉 Тони Петровски - Лонгони Битола
🥉 Валентин Трајкоски - ЗБИ Прилеп
Им честитаме на најдобрите пласирани играчи, како и на сите учесници кои придонесоа за уште еден успешен турнир.
Со овој турнир завршува првиот дел од сезоната во Б Дивизијата и започнува летната пауза. По четири успешно реализирани Мастерс турнири, натпреварувањата продолжуваат во септември, кога играчите повторно ќе се вратат на масите во борба за нови бодови и подобар пласман.
Ви благодариме на сите натпреварувачи, клубови и поддржувачи за одличната полусезона. Се гледаме повторно во септември!
20/05/2026
The pathway to the top! 🙌
London will be seeded for the first time, based on the rankings after the first event in Sarajevo - continuing across all future NXT GEN events 💥
Champion in Bosnia, Andrej Gjurchinovski, and runner-up Ąžuolas Tadaravičius will be seeded one and two respectively 🤝
🇬🇧
10/05/2026
МАСТЕРС ЗА ЈУНИОРИ
Во саботата, на 09.05.2026 година, во одлична атмосфера и со голема борбеност се одржа Мастерс турнирот за јуниори во организација на БФСМ. Турнирот донесе многу квалитетни натпревари, одлични партии и уште еднаш покажа дека македонскиот билјард има светла иднина и генерација на млади и талентирани играчи кои допрва ќе се докажуваат на домашната и меѓународната сцена.
Во текот на целиот ден се играше на високо ниво, со многу неизвесни мечеви, спортски дух и фер-плеј помеѓу сите учесници. Голема благодарност до сите натпреварувачи, родители, поддржувачи и клубови кои постојано придонесуваат за развојот на младинскиот билјард во Македонија.
🏆 Пласман:
🥇 Бесиан Ахмеди
🥈 Марко Митанов
🥉 Дарко Огненовски
🥉 Марин Дончевски
Посебна благодарност до Битоил и Мики Бургер кои обезбедија храна, благо и сокчиња за сите јуниори и со тоа дадоа голема поддршка за најмладите натпреварувачи. Ваквите гестови значат многу за развојот на спортот и мотивацијата на младите играчи.
Честитки до победниците и до сите учесници за прикажаната игра, а БФСМ продолжува со уште поголема посветеност кон развојот на билјардот во Македонија.
10/05/2026
МАСТЕРС ЗА ВЕТЕРАНИ
На 09.05.2026 година успешно се одржа и Мастерс турнирот за ветерани во организација на БФСМ, каде повторно можевме да гледаме врвен билјард, искуство, прецизност и вистински спортски натпреварувачки дух.
Турнирот помина во одлична атмосфера, со голем број интересни и неизвесни натпревари, а искусните играчи уште еднаш покажаа дека квалитетот и љубовта кон билјардот траат со години. Натпреварувачите прикажаа високо ниво на игра и максимална посветеност во текот на целиот турнир.
🏆 Пласман:
🥇 Тале Самарџиоски
🥈 Тони Петровски
🥉 Александар Бошески
🥉 Златко Василевски
Честитки до победниците и до сите учесници кои беа дел од овој одличен билјард настан. Голема благодарност до сите клубови, организатори и поддржувачи кои придонесуваат за успешна организација на турнирите и за развојот на билјард спортот во Македонија.
БФСМ продолжува со организација на квалитетни натпревари и промоција на билјардот во сите категории.
20/04/2026
А ДИВИЗИЈА – ВРВ НА МАКЕДОНСКИОТ БИЛЈАРД 🎱
На 19 април 2026 во организација на БФСМ се одржа турнирот од А дивизија во Наде Центар – Тетово, каде силите ги одмерија најдобрите 16 играчи во државата
Публиката имаше можност да проследи билјард на највисоко ниво, исполнет со неизвесни дуели, прецизни удари и вистинска шампионска атмосфера.
По одлична борба и врвни партии, пласманот изгледа вака:
🥇 1 место – Христо Василевски
🥈 2 место – Дејан Сипковски
🥉 3 место – Илија Димовски и Мирсад Заќири
Честитки до најдобрите, како и до сите учесници кои покажаа квалитет, борбеност и спортски дух
А дивизијата уште еднаш потврди дека македонскиот билјард оди во вистинска насока!
20/04/2026
ТРЕТ МАСТЕРС ТУРНИР
На 18 април 2026 во организација на БФСМ успешно се одржа третиот мастерс турнир во Гран Клуб - Скопје, кој привлече дури 83 играчи од целата држава
Настанот помина во одлична атмосфера, со врвна игра, неизвесни мечеви и голема борба до самиот крај.
Најдобрите овојпат беа:
🥇 1 место – Димитар Јованоски
🥈 2 место – Ален Насуфи
🥉 3 место – Тино Бојаџиев и Берат Јашари
Честитки до победниците за одличниот резултат, како и до сите учесници кои придонесоа турнирот да биде вистински спортски спектакл
БФСМ продолжува со организација на натпревари и развој на билјардот во Македонија – следуваат уште возбудливи турнири!
19/04/2026
Почеток на мечевите од Третиот Мастерс Дивизија А од Државното првенство на Македонија во билјард
🎥 Маса 2
https://www.youtube.com/live/YK_A6ZW32YI?si=7R9tj5sYeI9rdNGr