Влатко Костов

Влатко Костов

Share

Официјална Фејсбук фан страна на Влатко Костов
Vlatko Kostov's official Facebook fan page

Kaриера како фудбалер:

- 1984-1986 - ФК Брегалница, Штип
- 1988-1990 - ФК Пелистер, Битола
- 1990-1993 - ФК Вардар, Скопје
- 1993-1994 - ФК Локомотив Софија, Софија (Бугарија)
- 1994-1996 - ФК Брегалница, Штип

Тренерска кариера:

- 1997-98 - ФК Oсогово, Кочани - Шампион во ВМФЛ
- 1998-99 - ФК Каменица Саса, Македонска Каменица - Oпстанок во ПМФЛ
- 1999-2001 - ФК Куманово, Куманово - Шампион во

Photos from Влатко Костов's post 24/05/2026

БРЕГАЛНИЦА Е ПРВОЛИГАШ!

Кога дојдов во клубот во јули, 2025-та година, клубот беше оставен во состојба на неизвесност околу опстанокот и со вкупно 6 фудбалери на располагање (2 сениори и 4 млади фудбалери).
Сите останати клубови од ВМФЛ веќе беа во одмината фаза од подготовките за новата сезона.

Затекнат од жалната ситуација во клубот, кој постоеше можност и целосно да згасне, се нафатив на одговорноста и успеавме набрзина да мобилизаме 18-тина фудбалери со голема поддршка од Општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов, со што во последен момент склопивме тим и успеавме со задоцнување од 20-тина дена да започнеме со подготовките.

На резултатски план, секој клуб има тешки моменти во текот на сезоната, истите секако на моменти ги имавме и ние, но се консолидиравмe, се вративме уште посилни и бевме најдобри кога беше најпотребно - во директните дуели со конкурентите за првото место.

Денес, гордо стојам пред вас, искрените поддржувачи на мојот омилен и матичен клуб, ФК Брегалница. Ви се заблагодарувам што бевте со нас во текот на целата сезона, и во добро, и во лошо. Особено ми е мило и чест што на стадионот се вратија навивачи кои долго време не ги следеа натпреварите на ФК Брегалница.

Најголема благодарност до моите херои - фудбалерите, мојот стручен штаб, и административниот персонал на клубот, на чело со претседателот на клубот.
Исклучителна благодарност од сите нас во клубот до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“, кои секогаш и секаде беа со нас, како и до Советот на Општина Штип и медиумите, а посебна благодарност и до градоначалникот Иван Јорданов, кој цела година со своето присуство ни беше ветер во грб. Ја користам оваа прилика, во мое лично име, да им се заблагодарам и на спонзорите кои ни помогнаа да го изодиме овој пат кон ПМФЛ.

Ова е вкупно шести обезбеден пласман на клуб од ВМФЛ во ПМФЛ во мојата речиси 30-годишна тренерска кариера (двапати со ФК Брегалница и по еднаш со ФК Осогово, ФК Куманово, ФК Турново и ФК Пелистер).
Значајно да се напомене е и дека ова е успех во кој беа вклучени и свој придонес дадоа 11 домашни/штипски фудбалери во составот.

Секако дека еден ден и јас ќе заминам од ФК Брегалница, но да знаете дека, кога тоа ќе се случи, позади себе ќе оставам клуб поставен на сериозни темели, клуб кој ќе биде гордост на градот.

Уште еднаш, ВИ БЛАГОДАРАМ и се гледаме во новата, но сега ПРВОЛИГАШКА сезона 💙

Photos from Влатко Костов's post 13/09/2025

Вчера бевме сведоци на еден голем јубилеј – 100 години постоење на ФК Брегалница. Трибините беа полни, атмосферата беше навистина прекрасна и тоа беше вечер за паметење. Благодарен сум што сум дел од ова семејство и што заедно ја споделуваме љубовта кон клубот.

Голема благодарност до локалната самоуправа на град Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов за доделувањето признанија на сите што дале придонес во развојот на ФК Брегалница.

Ова е уште еден доказ дека Брегалница е повеќе од фудбал – тоа е традиција, емоција и гордост на нашиот град. ✨🔵

02/07/2024

Одржана прозивката и првиот тренинг за новата сезона 🟢⚪️

Photos from Влатко Костов's post 04/05/2024

ФК Пелистер го вративме таму каде што припаѓа - во ПМФЛ, а на Битола ѝ го вративме она што ѝ недостигаше - прволигашки фудбал 🎉

А јас? Јас, од ова раководство на клубот, ја добив шансата да го водам овој прекрасен колектив, при што, по внесувањето на ФК Осогово, ФК Куманово, ФК Брегалница и ФК Турново од ВМФЛ во ПМФЛ низ текот на годините, сега, по петти пат во мојата тренерска кариера, истото успеавме да го направивме и со битолската гордост 🍀

Огромна благодарност до мојот играчки кадар за пожртвуваноста и мојот стручен штаб за посветеноста да стигнеме до заедничката цел - пласман во ПМФЛ 🙏

Битолчани, управа на ФК Пелистер, навивачка група „Чкембари“ и сите останати што нè поддржувате - ВИ БЛАГОДАРИМЕ 💚

Od FK Bregalnica do SAUDISKA ARABIJA | Vlatko Kostov | BIZCAST 1 08/01/2024

Разговор во поопуштена варијанта околу мојата кариера, како и за мотивацијата на младите луѓе да се занимаваат со спорт.
Му благодарам на Петар Тодев за поканата да гостувам во поткастот BizCast podcast 🎥

Od FK Bregalnica do SAUDISKA ARABIJA | Vlatko Kostov | BIZCAST 1 Vlatko Kostov e gostin vo prvata premierna epizoda na Bizcast.⭐️ Partneri na podcastot:🏢Fondacija za razvoj na lokalna zaednicahttps://www.instagram.com/frl...

29/06/2023

Ја направивме прозивката и го одржавме првиот тренинг од подготовките за новата сезона 🟢⚪️

07/06/2023

Од денес официјално сум шеф на стручниот штаб на ФК Пелистер од Битола!

Чест ми е што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа 🟢⚪️

Photos from Влатко Костов's post 22/05/2022

Мисијата е успешна, опстанокот е обезбеден!

Победа од 4:1 во бараж-дуелот против тимот на ФК Воска со која ГФК Тиквеш и наредната сезона ќе игра прволигашки фудбал!

Огромна благодарност до моите фудбалери, мојот стручен штаб, градоначалникот Митко Јанчев, раководството на клубот, навивачката група „Лозари“ и сите останати што нè поддржуваа оваа сезона!

Радувај се, Кавадарци! 🔴⚪️

19/05/2022

Интервју за ТВ „РТК” пред бараж-дуелот со ФК Воскa

03/04/2022

Долго време размислував дали да се изјаснам со мислење за неколку спорни моменти кои беа на штета на мојот клуб.
На почетокот, сакам на клубовите против кои игравме да им се заблагодарам за коректната игра, денес на ФК Шкупи за приемот и победата. Ова е мое видување и нема врска со клубот и неговите соопштенија во кои никогаш не сум учествувал, бидејќи не сакам да се мешам во клупската политика. Јас и моите играчи се надигруваме со секого, живееме од фудбалот, а сега кога некои судии сакаат да ја омаловажат нашата работа, не смеам да им дозволам, а да не ја кажам вистината. Трипати сме оштетени од судиска двојка од Штип, денес од судиска двојка од Струга, грешки со кои директно влијаеја на крајниот резултат.
Господа од Судиски одбор, оној што делегира судии, престанете со вашата заштита на вашите судии, затоа што застанувајќи зад нив го уништувате фудбалот. Треба да се замислите дека некој во овие тешки времиња обезбедува финансии од кои живеат и играчи и тренери, луѓе кои вие со вашиот препотентен став ги игнорирате.
За крај, нека ви служи на чест и да знаете дека јас како тренер размислувам дали да продолжам затоа што не сакам да учествувам во вашите игри. Јас сум прифаќал порази и сум пружел рака на секој мој колега ама не сум сакал да пружам рака на одредени судии. Клубот е голем, ќе продолжи и без мене ама жално е што некои судии и поединци од Судиски одбор, заедно со тој што делегира, мислат дека фудбалот без нив не може да опстане.
Уште денес ќе разговарам со Градоначалникот и раководството да им ја соопштам мојата одлука. Секогаш ќе се борам за чесен фудбал и сакам да ѝ се заблагодарам на кавадаречката јавност, на верните „Лозари“, за поддршката што ја чувствував овие 6-7 месеци.
На повик на Градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, човек кој неизмерно го ценам и почитувам, дојдов да бидам Шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш. Одлуката околу мојата иднина во клубот ја препуштам нему.
Ова денес ја прели чашата…

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address

Štip